Придружете се на заедницата со повеќе од 20.000 членови во Македонија

Пријавете се!

Учествувајте во истражувањата и изнесете го своето мислење!

Собирајте поени и заработете!

Приклучете се
Регистрација

Приклучете се

   Испраќам...

Првиот дел на регистрацијата го завршивте успешно.
На Вашата e-mail адреса Ви испративме линк за активација преку кој треба да го потврдите членството на интернет панелот ЈасЗнам.

Грешка!

Вашето мислење е важно

Онлајн панелот ЈасЗнам е место каде можете да го изнесете своето мислење и да бидете сигурни дека ќе се слушне.

На панелот ЈасЗнам спроведуваме истражувања на корисниците и истражување на јавното мислење за најмоќните компании, мултинационални брендови и институции заинтересирани за Вашето мислење.

Доколку сакате активно да учествувате во креирање на нови производи, услуги и јавното мислење и да бидете наградени за тоа, можете да започнете со кликнување на копчето лево.

видови на истражувања

Собирајте поени на повеќе начини

pro1

Онлајн анкета

Дознајте повеќе
pro2

Телефонски истражувања

Дознајте повеќе
pro3

Тестирање производи

Дознајте повеќе
pro4

Групна дискусија

Дознајте повеќе
pro5

Теренски истражувања

Дознајте повеќе
pro6

Таен купувач

Дознајте повеќе
Како може да ги искористам моите ЈасЗнам поени?

награди

Собирајте ги ЈасЗнам поените и изберете награди

Дознајте повеќе

Наша мисија

Валикон од своето основање 1996 година активно го следи јавното мислење и случувања во општественото опкружување во Словенија и регионот(пред 2007 година под името CATI). Последните години посебно внимание посветуваат на градењето на онлајн панел со испитаници и развој на методи со кои се следи расположението на жителите како потрошувачи, граѓани и избирачи.

Некои од истражувањата спроведени со Ваша помош стануваат референтна рамка за различни институции во Словенија и регионот, од компании, различни групи, организации, академски институции, до Владини и невладини организации. Резултатите од овие истражувања често се објавуваат во медиумите. Едно од нив на пример е Огледало на Словенија, со кое од 2002 година се мери довербата во институциите. Од самиот почеток сакаме да помогаме и на студентите на дипломски и постдипломски работи, доколку ни побараат помош во пронаоѓање на литература или собирање податоци, зашто и ние некогаш почнувавме како студенти и знаеме колку е важна таквата помош.

Валикон е денес една од водечките компании за маркетиншко советување и истражување во југоисточна Европа. Основната дејност маркетиншко советување е базирана на истражувањата на пазарот. На своите клиенти се нудат услуги на целото подрачје на поранешна Југославија, а преку одбраните партнери и во другите држави на ЕУ

Дознајте повеќе
Годината 2019 во бројки
534.772

пополнети анкети

712

спроведени истражувања

212.302€

исплатени награди

КОРИСНИ ОДГОВОРИ

Чести прашања

1. ЧЛЕНСТВО И ПРИЈАВА

Пријавата и сите останати активности на страниците од веб панелот ЈасЗнам се потполно бесплатни. Многу ваши активности дури и ќе ги наградиме.

Учеството во ЈасЗнам истражувања е многу забавно и едноставно.

На панелот можете да се пријавите на нашата веб страница www.jasznam.net или по пат на линк кој сте го добиле од пријател, за кој вашиот пријател ќе го наградиме со 5 ЈасЗнам поени секој пат кога ќе пополните анкета, а по пат на регистрација, ви доделуваме 50 поени кои можете да ги потрошите на повеќе начини. Повеќе за системот на награди може да прочитате во делот Награди.

Кога ќе станете член на ЈасЗнам веб панелот, многу е важно да го пополните профилниот прашалник, бидејќи тоа е единствен начин на кој можеме да ве вклучиме во нашите истражувања.

На веб панелот ЈасЗнам целата комуникација се одвива по пат на електронска пошта (e-mail), значи нема страница на која би требало да се пријавувате (логирате). Откако ќе бидете избрани за одредено истражување, на e-mail ќе ви испратиме линк преку кој ќе можете да пристапите до анкетата.

Секако дека можете да ги поканите своите пријатели, членови на семејството и останати познаници да учествуваат во веб панелот ЈасЗнам и за тоа ќе бидете наградени.

Пријателите можете да ги поканите на панелот така што ќе им го пратите својот единствен регрутациски линк, кој можете да го најдете во пораката која сме ви ja пратиле при регистрација на панелот или во Личен профил на кој може да му пристапите овде:

На врвот од страницата е опцијата Личен профил, каде ја внесувате e-mail адресата со која сте пријавени на панелот. Ќе ви испратиме e-mail со вашите податоци како и единствен линк кој можете да го испратите до вашите пријатели кои сакаат да се зачленат.

Потребно е наведениот линк да го ископирате и да го пратите во e-mail порака или да го споделите со пријателите на социјалните мрежи (Facebook, Twiter, Google +….), а вашите пријатели мора да се пријават и да потврдат членство на ЈасЗнам панелот со отварање на вашиот регрутациски линк. Само во тој случај може да ги поврзете вашите пријатели со вашата e-mail адреса.

Значи, не ја внесувате вие e-mail адресата на вашите пријатели, туку само го испраќате наведениот линк, а вашите пријатели мораат да ја внесат својата e-mail адреса и да потврдат членство на веб панелот ЈасЗнам.

Ве потсетуваме дека на панелот ЈасЗнам се спроведуваат истражувања за подрачјето на Република Северна Македонија, затоа е потребно сите членови на панелот да имаат живеалиште во Република Северна Македонија.

Не. Секој член на веб панелот ЈасЗнам мора да има своја e-mail адреса.

На веб панелот ЈасЗнам може да се пријави секое физичко лице со постојано или привремено живеaлиште во Република Северна Македонија, кое наполнило или има повеќе од 15 години и кое се согласува со наведените услови и правила за учество на панелот. Доколку сте помлади од 15 години, мора да имате согласност од вашите родители или старатели за пријава на веб панелот ЈасЗнам.

Сите информации за членството и учеството на веб панелот ЈасЗнам можете да ги прочитате на страницата Услови и правила за учество.

Вашите лични податоци ни се потребни за социо-демографски анализи при кои се избираат испитаниците што одговараат за истражувањата и се со цел да им обезбедиме на нарачателите квалитет во собирањето на податоци. Освен ова, вашите лични податоци (име и презиме, адреса на живеење) се потребни за доделувањето ваучерот кој ќе ги добиете откако ќе соберете 500 поени.

Доколку веќе не сакате да бидете член на ЈасЗнам панелот, можете да се одјавите во секој момент. Потребно е да го отворите линкот “Одјава” кој е достапен во секој повик за анкета или да пратите e-mail на [email protected] . По праќањето на барање за прекинување на членството, ќе ве одјавиме во рок од 72h.

Постои можност во наредните неколку дена да добиете уште некој повик или потсетник за анкета, доколку вашата e-mail адреса се наоѓа во базата на избрани испитаници за тековниот проект.

2. МОЈ ПРОФИЛ

Пријавете ни ја вашата стара e-mail адреса и e-mail адресата со која сакате во иднина да учествувате и ние ќе ја замениме.

До својот личен профил можете да пристапите во било кој момент, само пратете барање, кое се наоѓа најгоре на нашата страница. Па така, во полето Личен профил внесете ја својата e-mail адреса и за неколку минути ќе ви пратиме порака со следните податоци:

  • пристап до лични податоци (ажурирање на личен профил)
  • e-mail адреса, ID број
  • состојба на бодови
  • информации за наградни активности
  • линк за покана на пријател
  • можност да се одјавите од панелот …
  • На нашата веб страница www.jasznam.net можете да ги пронајдете сите општи информации за панелистите, резултати од претходни истражувања, информации за наградни активности...

    На веб панелот ЈасЗнам целата комуникација се одвива по пат на електронска пошта (e-mail), така што нема страница на која би требало да се пријавувате (логирате).

    Доколку сакате да учествувате во анкета, потребно е да го отворите линкот за анкета во повикот кој што сте го добиле. Повиците за анкети се испраќаат на e-mail на случајно одбрани испитаници чиј што профил одговара на барањата за истражувањето кое тековно се спроведува.

    Ако сакате да пристапите до своите кориснички податоци, можете да го сторите тоа на страницата www.jasznam.net во делот МОЈ ПРОФИЛ.

    Вашите лични податоци се потребни за социо-демографски анализи кои потпомагаат во изборот на испитаници што одговараат на поединечните истражувања. Колку подобро ве познаваме, помала е веројатноста да ви испраќаме покани за анкети кои не одговараат на вашиот профил. Сите лични податоци и одговори за прашањата во анкетата се доверливи.

    Повеќе информации за заштита на личните податоци може да прочитате во Правила за приватност.

    3. НАГРАДИ

    Вредноста на еден ЈасЗнам поен изнесува 1 денар, што значи дека 500 ЈасЗнам поени изнесуваат 500 денари.

    Потребно е да соберете најмалку 500 ЈасЗнам поени. Пресекот на состојбата на поени, пријавата за исплата и исплата се прават 4 пати годишно. На сите членови кои ќе освојат потребен број на поени автоматски им се испраќа e-mail порака со линк за пријава. Повеќе информации за системот на награди можете да прочитате на страницата Систем за награди.

    Околу можноста за користењето на поени ќе ве известиме по пат на e-mail. Ќе добиете каталог во кој можете да ги замените поените за разни ваучери или да го донирате износот во добротворни цели. Каталогот се испраќа на секои 4 месеци и ако тогаш имате повеќе од 500 поени, ќе добиете e-mail со линкот до наградниот каталог.

    Информации за поените, начинот на користење како и лични податоци можете да ги добиете на следниот начин:

    1. На врвот од страницата во опција Личен профил внесете ја вашата e-mail адреса.
    2. Сите информации ќе ги добиете по пат на e-mail.
    3. За начинот на користење поени прочитајте во делот Награди.

    Пријавата за исплата се спроведува 4 пати во годината. На сите членови на панелот кои собрале најмалку 500 ЈасЗнам поени автоматски се испраќа e-mail порака со линкот за пристап кон Наградниот каталог во кој може да изберете опција за замена на поените со ваучери за пазарење на производи и услуги кај нашите партнери.

    За да ги замените своите ЈасЗнам поени за практични награди, потребно е да го отворите линкот Сакам да ги заменам освоените поени, изберете награда и запишете ги пазарните податоци.

    Значи, не е потребно да не известите дека сте собрале потребен број на поени, туку ние вас во наведениот период ќе ви испратиме порака со линкот за пријава на исплата. Доколку во предвидениот период не одберете награда, неискористените поени ќе се пренесат во наредниот квартал.

    Да, преку приликата пријава за исплата може да изберете и повеќе видови на награди зависно од бројот на освоени поени.

    За да освоите поени за пријатели потребно е прво вашите пријатели да се зачленат преку вашиот регрутациски линк, а со самото тоа и да учествуваат во истражувањето, односно да пополнуваат анкети. За секоја анкета која ќе ја пополни вашиот пријател вие добивате 5 поени во текот на првите 4 години од неговото членство. Како што поените се доделуваат по завршените проекти, така и дополнителните 5 поени се доделуваат на вашиот профил по завршување на проектот.

    Доколку пријателот по првите одбрани прашања за анкетата добие порака дека не е потребниот испитаник или анкетата не ја пополнил до крај, анкетата во тој случај не се смета за пополнета и не добивате дополнителни поени. Така и, профилниот прашалник кои членовите го потполнуваат при пријавата на веб панелот не е анкета и за неговото потполнување не се добиваат дополнителни поени.

    Месечно преку вашиот регрутациски линк може да пријавите неограничен број на потенцијални членови.

    За одреден вид истражувања внесот на поени трае подолго затоа што не се врши автоматски. Поените ќе ви ги доделиме на крајот од истражувањето, а најдоцна во рок од 7 дена. Ако поените сеуште не бидат внесени, пратете порака и ние ќе провериме.

    4. ИСТРАЖУВАЊА

    Темите на нашите истражувања се од различен вид, од производи за широка потрошувачка до услуги, оценување на реклами, тестирање на нови производи, општествени истражувања... Учеството во истражувањата може да биде многу забавно, а за вашата соработка ќе бидете наградени.

    Учеството во сите видови на маркетинг истражувања и истражувања на јавното мислење е доброволно, што значи дека одлуката во кое истражување ќе учествувате е ваша. Секако би сакале да учествувате во секое истражување за кое што ќе добиете повик, но ќе имаме разбирање доколку повремено не се одговорите на повикот.

    Да. Системот помни каде сте застанале со пополнувањето на анкетата. Кога следен пат ќе го отворите линкот кој сте го добиле во поканата за анкета или потсетникот, ќе се отвори прашањето на кое што сте престанале со пополнување на анкетата. Вашите претходни одговори нема да бидат избришани.

    Имајте на ум дека линкот за анкета е активен додека повикот не привлече доволен број на испитаници кој е потребен или најдоцна до датумот наведен во повикот на анкетата. Постои можност кога сакате да продолжите со потполнувањето на анкетата и тоа нема да биде можно бидејќи истражувањето во меѓувреме е завршено.

    Бројот на анкети во кои можете да учествувате зависи од бројот на истражувања кои моментално ги спроведуваме. Некогаш се повеќе, некогаш се помалку. Може да се случи да добиете неколку повици неделно, а може и цел месец да не добиете ниту еден повик.

    Видот и бројот на повици за анкети кои ќе ги добиете зависи од податоците кои сте ги навеле. Што повеќе податоци наведете, толку подобро ќе ве запознаеме и полесно ќе одредиме кои истражувања би ви биле интересни.

    Во секое истражување може да учествуваат ограничен број на испитаници, поради тоа повиците за анкети се испраќаат на e-mail на случајно одбрани членови чии профилни податоци одговараат на барањата за истражувањето кое тековно се спроведува. Се трудиме сите членови на панелот да добијат подеднаков број на повици за анкети.

    Времето потребно за пополнување на прашалник се разликува од истражување до истражување. Некои истражувања опфаќаат само неколку прашања, додека за учество во некои други истражувања е потребно малку повеќе време. За должината на прашалникот ќе бидете известени пред пополнување на прашалникот, односно со секој повик за анкета.

    Повиците за анкети се испраќаат на e-mail на случано одбрани испитаници чии што профилни податоци одговараат на барањата за истражувањето кое во моментот го спроведуваме. Освен демографските услови, потребно е испитаникот да исполни и дополнителни услови кои зависат од темата и видот на истражување. Доколку членот не ги задоволува условите за учество во одредено истражување, анкетата ќе биде завршена по неколку одбрани прашања. Во тој случај, членот не добива ЈасЗнам поени, освен доколку во повикот за анкета е назначено поинаку.

    5. За панелот

    ЈасЗнам веб панел е група на луѓе кои сакаат да учествуваат во он-лајн истражувања во кои имаат прилика да го изнесат своето мислење за нови и постоечки производи на пазарот, за различни реклами, мобилни пакети или амбалажи.... Или може да ни кажете што правите на интернет или како користите различни технологии, кои зачини ги користите во готвењето итн.

    Темите на нашите истражувања се разновидни, така да и учествувањето е многу забавно, а покрај тоа за вашата соработка ќе бидете и наградени. Со пополнувањето на секоја он-лајн анкета добивате поени (бројот на поени за секоја анкета е наведен пред почетокот на пополнување на анкетата). Во однос на тоа, што повеќе анкети пополните – повеќе поени освојувате.

    Вашите први поени ги добивате со регистрација на панелот, при што ќе ви подариме 50 поени.

    И не грижете се, М-Проспект е истражувачка агенција и во однос на тоа е со обврска во потполност да ги почитува сите закони за заштита на лични податоци кои се користат исклучиво во намена за истражување.

    Веб панелот ЈасЗнам спроведува низа на истражувања за различни компании, од најдобрите македонски до познатите мултинационални компании и нивни марки, како и многу интересни општествени истражувања. Со учество во истражувањата на веб панелот ЈасЗнам имате можност да влијаете на создавањето на производи и услуги по ваши мерки. Како истражувачи свесни сме колку е драгоцено вашето мислење за успешен развој. За вашето учество ќе бидете наградени.

    НЕ! Компанијата М-Проспект, сопственик на веб панелот ЈасЗнам, работи во склад на препораките за меѓународни организации кои управуваат како маркетинг-истражувачки агенции. Гарантираме дека НЕ се занимаваме со директен маркетинг (продажба). На тоа нѐ обврзуваат горе наведените кодекси. Компанијата М-Проспект се занимава исклучително со советодавни и истражувачки дејности и ви гарантираме дека сите добиени информации ќе користат исклучително во истражувачки цели. Повеќе информации за заштитата на вашите лични податоци можете да прочитате на страницата Правила за приватност.

    6. ТЕХНИЧКИ ПРОБЛЕМИ

    Доколку пораката со линкот за анкета се наоѓа во spam или junk фолдерот, анкетата е невозможно да се вклучи. Потребно е да ја префрлите пораката во Inbox. Во случај линкот за анкета да не работи, односно да не можете да го отворите, ве молиме да го ископирате во својот интернет пребарувач (Internet Explorer, Google Chrome...). Доколку и понатаму имате проблеми, ве замолуваме да не известите на [email protected]. Стручниот тим на веб панелот ЈасЗнам ќе ви одговори во најкраток можен рок.

    Доколку во рубриката “ЧЕСТИ ПРАШАЊА” не пронајдовте одговор на вашето прашање, ве молиме да не известите на страницата Контакт или да ни пишете на [email protected]. Стручниот тим на веб панелот ЈасЗнам ќе ви одговори во најкраток можен рок.

    Доколку на страниците од веб панелот ЈасЗнам се соочите со било какви проблеми, ве замолуваме за тоа да не известите во најкраток можен рок. Потребно ни е по пат на електронска пошта што подетално да ни го опишете својот проблем и ако е потребно да ни испратите screenshot (слика/порака која се појавила на екранот). Нашиот стручен тим од веб панелот ЈасЗнам ќе ви одговори во најкраток можен рок.

    7. ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ

    Сите податоци придобиени во рамките на веб панелот ЈасЗнам се користат исклучително за истражувачки цели. Вашите лични податоци се потребни за социо-демографски анализи со помош на кои се избираат испитаниците кои одговараат за поединечни истражувања. Резултатите на истражувањата ги објавуваме така што ги групираме во одредени социо-демографски групи (на пр. млади, семејство од три члена...), и тие не можат да се поврзат со поединецот.

    Во компанијата М-Проспект гарантираме дека сите податоци се заштитени за достапност до трети лица. Користиме свои веб сервери на кои сите лични податоци се чуваат во облик кој не дозволува откривање на идентитетот на испитаникот, односно не е можно да се поврзат со одговорите дадени на прашањата од анкетите. Повеќе информации за заштита на податоците може да прочитате на страницата Правила за приватност.

    Сите лични податоци за членовите и податоците собрани во рамките на истражувањето ги чуваме и обработуваме во анонимен облик на своите веб сервери кои овозможуваат заштита и сигурност во тек со најновите стандарди и критериуми. Сите одговори на членовите ги претвораме во нумерички кодови и не ги поврзуваме со името и презимето на испитаникот. На тој начин гарантираме дека вашите лични податоци не е можно да се идентификуваат, односно да ги поврземе со одговорите кои сте ги дале во рамките на истражувањето. Повеќе информации за заштита на податоци може да прочитате на страницата Правила за приватноста.

    Компанијата М-Проспект, која има сопствен веб панел ЈасЗнам и има исклучително право на управување со наведениот панел, управува соодветствено на важечките закони и прописи на Република Северна Македонија за заштитата на лични податоци, а водена е по препораките на меѓународните организации кои управуваат како маркетинг-истражувачки агенции.

    Услови за учество

    Контакт

    Пишете ни

    Контакт податоци

    ЈасЗнам, Valicon d.o.o.

    Адреса : Никола Парапунов 41/8
    1000 Скопје
    Северна Македонија

    Телефон : +389 2 3075 366

    Website : www.jasznam.net